Saturday, July 10, 2010

Лионел Меси


Лионел Андрес Меси (шпански: Lionel Andrés Messi, шпански изговор: [ljoˈnel anˈdɾes ˈmesi]; роден на 24 јуни 1987) е аргентински фудбалер кој игра за Барселона и репрезентацијата на Аргентина. Се смета за еден од најдобрите фудбалери на својата генерација[3][4][5], а често и за најдобар фудбалер во светот,[6] со неколку номинации за Златна топка и Играч на годината до својата 21. година, а веќе на 22 ги доби и двете.[6][7][8][9] Неговиот стил и вештина потсетуваат на оние на Диего Марадона, кој и самиот го прогласи Меси за свој „наследник“.[10][11]

Меси почна да игра фудбал на рана возраст и неговиот потенцијал беше набргу забележан од Барселона. Во 2000 година го напушти клубот Њуелс Олд Бојс од родниот град Росарио и замина со своето семејство во Европа, бидејќи Барселона му понуди лекување на неговиот здравствен проблем (недостаток на хормонот за раст). Дебитираше во сезоната 2004/2005 и стана најмладиот играч кој дал гол во лигата. Истата година Барселона победи во шпанската лига, а во 2006 покрај лигата, победи и во Лигата на шампионите. Најмногу се проби во сезоната 2006-07, станувајќи редовен играч од прва постава, постигнувајќи хет-трик на Ел класико и завршувајќи со 14 голови во 26 натпревари од лигата. Веројатно неговата најуспешна сезона беше 2008-09, во која Меси постигна 38 голови.

Меси беше најдобар стрелец во Светскиот шампионат на младинци на ФИФА за 2005 година со 6 гола, од кои 2 во последниот натпревар. Веднаш потоа стана и редовен член на сениорската репрезентација на Аргентина. Во 2006 година стана најмладиот Аргентинец што играл на Светското првенство, а во 2007 освои второ место на Купот на Америка. На Олимписките игри во Пекинг 2008, Меси го освои своето прво меѓународно признание, олимписки златен медал, со аргентинскиот олимписки фудбалски тим.
ФК Барселона

Своето неофицијално деби, Меси го направи играјќи за првата постава против Порто во ноември 2005 година (на 16 годишна возраст). Една година подоцна го направи своето официјално деби против Еспањол, во октомври 2004 година, како трет најмлад играч на сите времиња кои играле за ФК Барселона и како најмлад играч во Лигата (рекордот го сруши неговиот клупски колега Бојан Кркиќ, во септември 2007 година).
[уреди] Сезона 2005/2006

Во септември, по втор пат во три месеци, ФК Барселона го обнови договорот со Меси. Тој истовремено стекна шпанско државјанство, конечно стекнувајќи право да дебитира во шпанската прва лига. Во 17 натпревари, Меси постигна 6 голови, но за жал за него сезоната заврши пред време, во март 2006 година, поради кинење на тетивата на десната нога во утакмицата против Челзи во Лигата на Шампиони. Таа сезона, Барселона ја заврши како шампион на Шпанија и Европа.
[уреди] Сезона 2006/2007
Меси во натпреварот против Ренџерс во 2007

Меси се зацврсти како играч во првата постава со својата одлична игра против Челзи и Реал Мадрид. Во ноември 2006 година во натпреварот против Реал Сарагоса, Меси повторно доби повреда која го исфрли од игра 3 месеци. По враќањето од Аргентина, Франк Рајкард, внимателно го рехабилитирал, постепено го зголемувал времето на игра, од натпревар во натпревар. Набргу Меси се врати во топ форма постигнувајќи хет-трик. Кон крајот на сезоната стануваше подобар, 11 од своите 14 голови во сезоната ги постигна во своите 13 натпревари.
Меси се потврди како нов Марадона. Еден од неговите голови беше сличен на прочуениот гол на Марадона против Англија на Светскиот Куп на ФИФА во Мексико во 1986 година, познат како гол на столетието. Светските спортски медиуми го нарекоа Месидона. Тој го истрча истото растојание (62 м), помина ист број на играчи (6), вклучувајќи го и голманот, шутираше од иста позиција, од корнерот, како и Марадона во Мексико, пред 21 година.
[уреди] Сезона 2007/2008

Во текот на оваа сезона, Меси даде 5 голови за една недела, вбројувајќи ја Барселона меѓу првите четири тимови во Лигата. Двата голови што ги постигна против Севиља, на 22 септември, му ги посвети на Роналдињо кој беше повреден. На 19 септември тој постигна еден гол кога Барселон го победи Олимпик Лион со резултат 3–0 во натпревар од Лигата на шампионите. Меси постигна уште два гола за победа на Барселона со резултат 4–1 против Реал Зарагоза. На 27 февруари, Меси го одигра свпјот 100ти меч за Барселона во натпреварот против Валенсија.

Тој беше номиниран за специјалната награда на ФИФА ПРО за најдобар напаѓач. На една анкета спроведена од страна на шпанскиот весник Марка, го прогласи за најдобар играч на светот со 77% од гласовите. Го споредуваа со Франц Бекенбауер и Јохан Кроиф. Светски имиња, меѓу кои Виктор Фернандес, Франческо Тоти, Диего Марадона и Пеле, во различни прилики изјавија дека Меси е еден од најдобрите светски фудбалери на денешницата.

Потоа, Меси беше надвор од игра 6 недели поради повреда на левата нога, за време на мечот против Селтик во Лигата на шампиони. Тоа беше четврти пат во текот на три сезони да се здобие со ваква повреда.
[уреди] Сезона 2008/2009
Меси на натпревар против Депортиво
Мајкл Керик (во позадина) гледа како Лионел Меси шутира во финалето на Лигата на шампионите 2009

Со заминувањето на Роналдињо од клубот, Меси го наследи неговиот дрес со број 10.[12] Во октомври 2008 година, за време на мечот против Шахтјор Донетск, Меси даде два голови во последните 7 минути, влегуваќи како замена за Тиери Анри, и од резултатот 0:1 го претвори во победа од 2:1 за Барселона.[13] Во следниот натпревар против Атлетико Мадрид се одигра пријателски натпревар каде што Меси играше против неговиот добар пријател Серџо Агуеро со резултат 6:1 за Барса. Меси одигра уште еден импресивен натпревар против Севиља. Во декември 2008 година, Меси го постигна вториот гол во мечот против Реал Мадрид кој заврши со резултат 2:0. Со 678 поени беше прогласен за втор играч на ФИФА за 2008 година. Својот прв хет-трик во 2009 година, Меси го постигна против Атлетико Мадрид. Вториот од двата голови во мечот против Расинг Сантандер беше 5000-от гол во Лигата за Барселона. Во 28то коло на Лигата, Меси го постигна својот 30-ти гол во сезоната, обезбедувајќи победа од 6:0 во мечот против Малага. Во април 2009 година, постигна два гола против Баерн Минхен во Лигата на Шампиони, постигнувајќи личен рекорд од 8 голови во натпреварот. Истиот месец, Меси го постигна својот 20-ти гол во сезоната во мечот против Хетафе, овозможувајќи ѝ на Барселона предност од 6 поени на врвот на табелата.Меѓународна кариера

Во јуни 2004 година, тој дебитираше за Аргентина, играјќи во младинскиот состав под 20 години во мечот против Парагвај. Во 2005 година, тој беше дел од тимот на нови талентирани играчи кои го освоија Младинскиот Светски Шампионат 2005, во Холандија. Таму, Меси ја освои наградата за најдобар играч на турнирот, а беше и најдобар стрелец. На 4 август 2005 година, Жозе Пекерман го повика Меси во сениорскиот национален тим на Аргентина. Своето деби тој го направи на свои 18 години и 54 денови, на 17 август во мечот против Унгарија, но не беше деби кое требаше да се запамети. Тој влезе во игра во 63-та минута, но поради ударот со лакт на противничкиот одбрамбен играч, Вилмос Вансчак (кој го повлече Меси за дресот), судијата Маркус Мерк го испрати надвор од теренот по само 40 секунди. Одлуката била спорна. Дури и Марадона тврдел дека одлуката била претенденциозна. Првиот меѓународен настап на Меси бил на 3 септември во квалификациите за Светското Првенство каде што Аргентина доживеала пораз од Парагвај, со 1:0, на гостински терен. Пред натпреварот, тој изјави: Ова е правото деби. Првото траеше многу кратко. На 28 март 2009 година, во натпреварот од квалификациите за Светското Првенство против Венецуела, Лионел Меси за прв пат го носеше толку многу посакуваниот аргентински сениорски национален дрес со број 10. Ова беше првиот официјален натпревар за Диего Марадона како селектор на Аргентина. Аргентина победи во натпреварот со 4:0, а Лионел Меси ја отвори серијата на голови.
Главна статија: Светско првенство во фудбал 2006.

Повредата што го оддалечи од терените за 2 месеци, на крајот од сезоната 2005/2006 година, го доведе во прашање неговото присуство на Светското Првенство. И покрај тоа, Меси беше повикан во тимот на Аргентина за турнирот на 15 мај 2006 година. Тој, исто така, играше 15 минути во прошталниот натпревар против националниот тим на Аргентина под 20 години и од 64-та минута настапи на пријателскиот натпревар против Ангола. Тој од клупата ја проследи победата на првиот натпревар на Аргентина одигран против Брегот на Слоновата Коска. Во следниот меч против Србија, Меси стана најмладиот играч во репрезентацијата на Аргентина на Светското Првенство кога влезе како замена на Макси Родригес во 47-та минута. Тој му асистираше на Хернан Креспо да постигне гол во првата минута откако влезе во играта, а го постигна и последниот гол во победата од 6:0, со што беше прогласен за најдобар стрелец и шести по ред најмлад стрелец во истотијата на Светското Првенство. Во следниот натпревар против Мексико, Меси влезе како замена во 84-та минута, при резултат 1:1. Тој постигна гол, но беше досуден офсајд. Тренерот, Хозе Пекерман, надвор од очекувањата го остави Меси на клупата за време на четврт-финалниот натпревар против Германија. Аргентина изгуби 4:2 на пенали, а Меси, видно возбуден во текот на играта, одби да зборува со репортерите после натпреварот.

Олимписки игри 2008

Како играч на Барселона, му беше дозволено да настапува за својата земја на Олимписките игри во 2008 година во Пекинг, под услов да одигра во неколку пријателски меѓународни натпревари. Во натпреварот против Брегот на Слоновата коска го постигна првиот гол во резултатот од 2:1 за Аргентина. Во натпреварот против Холандија го постигна првиот гол, а асистираше при вториот за победа од 2:1. Тој одлично одигра во мечот против ривалот Бразил во кој Аргентина постигна победа од 3:1, пласирајќи се во финалето. Во мечот за златен медал против Нигерија (1:0), Меси му асистираше на Анхел Ди Марија за постигнување на единствениот гол.

No comments:

Post a Comment