Friday, July 9, 2010

Зинедин Зидан


Зинедин Јазид Зидан (роден 23 јуни 1972, во Марсеј, Франција),популарно наречен Зизу е поранешен француски фудбалер по потекло од Алжир.Зидан настапува и за националниот француски тим и за 4 европски клубови,последно како играч на Реал Мадрид.

Во 1998 во финалето на Светското првенство, Зидан привлекува меѓународно внимание со два голови постигнати против Бразил што и донесе прва победа на Франција на СП. Тој придонесе за победите на Франција на ЕУРО 2000,во Лигата на шампионите и во домашните натпревари во Италија и Шпанија.

Зидан беше избран за играч на годината од ФИФА рекордни 3 пати (1998,2000,2003) и беше именуван за европски фудбалер на годината во 1998. Светкиот рекорден хонорар од 66 милиони евра за неговиот трансфер во Реал Мадрид во 2001 останува највисок до денешен ден.Во 2004 тој беше номиниран од УЕФА за најдобар европски фудбалер во последните 50 години,и беше вклучен во 100-те најдобри фудбалери според ФИФА,а Пеле го стави во листата на 125 најдобри играчи на сите времиња.На СП 2006 беше именуван како најистакнат играч на турнирот,и беше награден со Златната топка.

Како што најави на 25 април 2006,Зидан се пензионира од фудбалот после СП 2006,во финалето на 9 јули 2006.Рана кариера, Кан и Бордо (1988-1996)

Зидан започна со фудбалот во раните години кога му се придружи на јуниоркиот тим на УС Ст.Хенри,неговиот локален клуб во Ла Кастелон областа во Марсеј.На препорака од тренерот,тој потпиша за Септемес Спортс Олимпик. На 14 години Зидан го напушти Септемес и учествува во првата година на јуниорска селекција за лигачкиот шампионат,каде што Жан Варауд како скаут од Кан го забележува.Зидан заминува во Кан на шест недели,за подоцна да остане цели 4 години играјќи со професионалци.Подоцна Зидан поминува 4 години во Бордо,водејќи ги до победа во Интертото купот во 1995 и финале во УЕФА купот во сезоната 1995/1996.Во Бордо тој ги запознава Биксент Лизаразу и Кристоф Дугари со кои комбинира на средината од теренот,тоа подоцна стана одлика на Бордо и Француската репрезентација во 1998.Во 1996 тој беше преместен во Јувентус за 3 милиони фунти.

Торино и Мадрид (1996-2006)

Во Јувентус Зидан беше еден од најдобрите играчи на Марчело Липи,заедно со Диде Дешамп,Алесандро Дел Пиеро и Едгард Давидс.Неговиот тим освои две титули во Италјанската Серија А,и стигна до две последователни финалиња во Лигата на шампионите во 1997 и 1998 губејќи ги двете од Реал Мадрид.

Во 2001 Зидан беше преместен во Реал Мадрид со 4 годишен договор,со хонорар од 66 милиони евра,највисок во фудбалската историја.Негови соиграчи во Реал Мадрид беа Раул Гонзалес,Луис Фиго,Роналдо,Роберто Карлос а подоцна и Дејвид Бекам.Тој постигна спектакуларен победнички гол во победата од 2-1 против германскиот клуб Баер Леверкузен во финалето на Лигата на шампиони 2001/2002 на Хампден Парк во Глазгов.

На 7 мај 2006 ја играше неговиот последен натпревар на домашен терен за Реал Мадрид.Неговите соиграчи носеа специјални дресови на кои пишуваше Зидан 2001 – 2006 долу под клубското лого.Навивачите на Реал Мадрид му дадоа топла поддржка и продолжија со поздравување во текот на целиот меч. Противничкиот тим беше Виљареал и резултатот на крајот беше нерешено 3-3. Тој го постигна вториот гол за Реал Мадрид.После натпреварот Зидан си го замени дресот со Рикелме,аргентинскиот среден играч.Зидан беше испратен со овации од гледачите и солзи во неговите очи.
[уреди] Интернационална кариера

Зидан има двојно државјанство,француско и алжирско.Затоа има играно и за Алжир.Сепак алжирскиот тренер Абделхамид Кермали не му даде шанса во тимот со обвинение дека овој млад играч е премногу спор.

Тој го изигра првиот натпревар за францускиот национален тим на 17 август 1994,како замена во 63 минута на пријателскиот натпревар против Република Чешка.Франција губеше со резултат 0-2,а потоа влезе Зидан и изедначи на 2-2 со 2 негови голови.

Во тоа време селекторот Еме Жаке планираше се да се врти околу ѕвездата на Манчестер Јунајтед,Ерик Кантона,но Кантона доби суспензија од една година во јануари 1995.Тогаш Жаке поинаку го постави тимот,поставувајќи го Зидан како плејмејкер.И покрај критиките на навивачите за изборот на играчи,Франција стигна до полуфиналето на Еуро 96,каде изгуби 5-6 на пенали од Чешка.

1998 Светско првенство

Зидан беше член на францускиот национален тим кој го освои СП 1998 во Франција.Во текот на вториот меч од групата против Саудиска Арабија тој доби црвен картон,и доби суспензија од два меча за удирање на арабискиот капитен Фуад Амин.Изјавите на луѓе блиски на Зидан тврдеа дека Амин го провоцирал вербално.После погодокот од пенал,во пенал рулетот од четврт финалето против Италија,тој ги постигна едниствените два голови од игра,во победата од 3-0 против Бразил во финалето на СП 1998.

2000 Европско првенство

На Еуро 2000,Зидан му помогна на неговиот тим да стигне до финалето со инспиративна игра и важни голови.Тој постигна гол од слободен удар во четврт финалето против Шпанија и златен гол од пенал во полу-финалето против Португалија.Франција го освои првенството победувајќи ја Италија во финалето.Со тоа Франција стана единствената репрезентација во последните 34 години која ги поседуваше и светската и европската репрезентативна титула. Неговата репрезентација беше рангирана како прва во светот од ФИФА.

Повреди,повлекување и враќање

Во 2004 Зидан има повреда на бутот,што го спречува да игра за Франција на СП 2002 во првите два меча од групата.Тој се врати од повредата во третиот меч,но неможеше да игра на посакуваното ниво.Франција беше елиминирана уште во групата без да постигне гол,и обидот за одбрана на светската круна беше неуспешен.

На Еуро 2004,Зидан и неговата репрезентација започнаа офанзивно,тој постигна гол од слободен удар и реализираше пенал против Англија во натпреварите од групата.На 12 август 2004,кога Франција беше разочарана од поразот во четврт-финалето од Грција,Зидан се откажа од настапите за репрезентацијата.

Сепак,кога Франција се соочи со проблеми за квалификување за СП 2006,Зидан објави на 3 август 2005 дека ќе се врати и повторно ќе игра за Франција,со што беше поставен за капитен на репрезентацијата.Неговиот камбек се случи во победата од 3-0 во квалификациите за СП 2006 против Фарските Острови на 3 септември 2005,и Франција беше на добар пат да биде прва во нејзината квалификациска група.

На 25 април 2006,по сезоната исполнета со повреди во Реал Мадрид,Зидан објави дека ќе се пензионира од професионалниот фудбал после СП 2006 во Германија.

На 27 мај 2006,Зидан го одигра својот 100-ти натпревар за Франција во победата од 1-0 над Мексико на Стат Де Франс во Сен Дени,предградието на Париз.Тоа беше неговиот последен натпревар на овој стадион,со тоа им се приклучи на Марсел Десаи,Дидие Дешам и Лилијан Турам како четврт играч кој има 100 натпревари за националниот тим.Тој беше заменет во почетокот на второто полувреме.

2006 Светско првенсто

Млада француска девојка го славеше „Зизу“ во последните минути од вториот натпревар на Франција на СП 2006 против Јужна Кореа,каде што Зидан доби жолт картон за фаул,кој што му беше негов втор жолт картон на турнирот. Како резултат на тоа тој беше суспензиран во третиот и одлучувачки натпревар во групата.Франција и покрај тоа го победи Того со 2-0,овозможувајќи му на Зидан да игра во нокаут фазата,каде што тој ќе дава голови или асистира во секој нареден меч.Тој се враќа на теренот во шеснаесет-финалето против Шпанија.Зидан му асистираше на Патрик Виера за вториот гол со прекрасен центаршут во пеналтикот.Во надополнувањето од натпреварот,Зидан го постигна последниот гол на натпреварот за победа од 3-1.

Победата ја испрати Франција на четврт-финален дуел против шампионите Бразил,во репризата од финалето од СП 1998.Зидан му додаде топка при слободен удар на Тери Анри,за победа од 1-0 против Кариоките.И покрај резултатот,Франција го надигра Бразил во овој натпревар,дозволувајќи му само еден шут на голот.Во меѓувреме Зидан креираше бројни шанси,со неговите дриблинзи ги поминуваше одбрамбените играчи,покажувајќи некој од неговите препознатливи финти.Тој беше избран за играч на натпреварот од ФИФА.Во полу-финалето против Португалија,четири дена подоцна,Зидан реализираше пенал против Рикардо како едниствен гол на мечот,што ја доведе Франција до финале против Италија.

На 9 Јули,Зидан го играше неговото второ финале на СП,во неговиот последен меч за Фанција,и реализираше пенал во седмата минута од мечот.Тој постана еден од четворицата фудбалери кој успеале да погодат во две различни финалиња на СП,делејќи ја оваа чест со Пеле,Пол Брајтнер и Вава.Овој гол истотака го стави во листата на најдобри стрелци во финалињата на СП,со три голови,израмнувајќи се со Вава,Џеф Харст и Пеле.Тој беше исклучен во 110 минута и не учествуваше во изведувањето на пеналите,во коешто победи Италија со 5-3.И покрај контраверзностите во финалето,Зидан беше награден со Златна топка како најдобар играч во на СП 2006 во Германија.

Соочувањето со Марко Матераци

Зинедин Зидан го удри со глава Марко Матераци во 110 минута од финалето на СП 2006 во мечот против Италија.Поради тоа Зидан беше исклучен заради овој прекршок без топка.Двајцата играчи си разменија зборови пред Зидан да се оддалечи од Матераци.Матераци потоа нешто му дофрла на Зидан,при што тој се врти и го удира со глава во градите ,соборувајќи го на теренот.Иако играта беше прекината судијата Хорацио Елизондо не ја виде кавгата.Врз основа на официјалната снимка на натпреварот,четвртиот судија Луис Медина Кантаљехо го информира Елизондо за инцидентот преку неговите слушалки.После консултациите со помошните судии,Елизондо му покажа црвен картон на Зидан и го исклучи од игра.

Провокации

Од кога видео снимката покажа дека Матераци го провоцирал Зидан,весниците со помош на читачи од усни заклучиле што Матераци му рекол на Зидан,објавувајќи најразлични верзии за навредите упатени на адреса на Зидан. Во неговата прва изјава после финалето на СП,француската фудбалска ѕвезда само кратко објасни што го испровоцирало да реагира така фуриозно и да го удри Матераци со глава кој му упатил навреди за неговата мајка и сестра. Матераци ги признава навредите кон Зидан,но вели дека однесувањето на Зидан било многу арогантно.Зидан подоцна изјавува дека Матераци сериозно ги навредил неговата мајка и сестра,и подобро ќе било да го плукнел во лице отколку да му го рече тоа.Тој исто така им се извини на гледачите посебно на децата и педагозите,но рече дека не жали за неговата постапка затоа што почувствувал дека со тоа би му опростил на Матераци за неговата постапка. Два месеци подоцна продолжувајќи да се брани дека неговите коментари биле незначајни Матераци одбива да му се извини на Зидан,но ја изразува својата желба за помирување.Тој истотака ја кажува неговата верзија на настанот,тврдејќи дека откако го зграбил дресот на Зидан,тој саркастично му го понудил да си го земе за него,но Матераци на тоа реплицирал дека преферира да ја земе неговата сестра.

Реакции

По финалето претседателот Жак Ширак го прогласи Зидан за национален херој и го нарече човек со срце и увереност.Ширак подоцна изјави дека неговиот напад е неприфатлив,но го разбира тоа затоа што бил испровоциран.Претседателот на Алжир ја изрази неговата солидарност кон Зидан,со што му праќа писмо за поддржка.Францускиот весни Ла Фигаро ударот со глава го декларира како одбивен и неприфатлив.Главниот уредник на францускиот дневен спортски весник Л Екип ја спореди големината на Зидан со Мухамед Али,но додаде дека Али,Џеси Овенс и Пеле никогаш не ги прекршиле најосновните правила на спортот,кои што тој ги прекршил.Весникот прашува како Зидан ќе го објасни нападот на милионите деца ширум светот,но сепак се извинува наредниот ден.Овој инциденет беше интензивно прикажуван на Интернет.

Истрагата на ФИФА

ФИФА започна дисциплинарна процедура за да го истражи инцидентот.ФИФА исто така ја потврди легитимноста на одлуката на главниот судија Хорацио Елизондо,да го исклучи од игра Зидан,одбивајќи ги сите жалби.Врз основа на истрагата,ФИФА го казни Матераци со неиграње на два меча и казна од 5000 швајцарски франци,додека Зидан доби казна од 3 натпревари неиграње и парична казна од 7500 швајцарски франци.
[уреди] Награди

* УЕФА клубски фудбалски награди – Најдобар среден играч 1997-1998
* Светски фудбалски играч на годината – 1998
* ФИФА светски играч на годината – 1998,2000,2003
* Европски фудбалер на годината – 1998
* УЕФА Лига на шампиони МВП – 2001-2002
* УЕФА Најдобар европски играч во последните 50 години – 2004
* ФИФА СП Златна топка – 2006

Со Франција


* ФИФА Светско првенство

*
o Победник – 1998
o Финалист – 2006
o Учества – 1998,2002,2006

* УЕФА Европско првенство

*
o Победник – 2000
o Учества – 1996,2000,2004


Со Бордо

* УЕФА куп финалист 1995/1996


Со Јувентус

* Италија Серија А титули – 1996/1997, 1997/1998
* Европски супер куп – 1996
* Интернационален куп – 1996
* Италијански супер куп – 1997
* УЕФА Лига на шампиони – 1996/1997,1997/1998

Со Реал Мадрид

* Шпански супер куп – 2001,2003
* УЕФА Лига на шампиони - 2001/2002
* Интернацинален куп – 2002
* Шпанска лига – 2002/2003
* Европски супер куп – 2002

Лични награди

* Витез на Легијата на честа од 1998
* Носител на олимпискиот оган на ЛОИ 2004 во Атина
* Принц на Астуриските награди номиниран во спортска категорија во 2006

[уреди] Приватен живот

Зидан е роден во Марсеј, Франција во семејство на Кабалски емигранти како најмало од петте деца,израснува во Ла Кастелон,во куќа која е дел од проектот на владата за солидарност,во северното предградие.Неговите родители Исмаил и Малика по потекло се од селото Агменон,во Кабалската област во северен Алжир.Се смета себеси за муслиман кој не ја практикува премногу верата во својот живот.Во 1993 се жени со Вероника Зидан (моминско Лентиско),поранешна француска танчерка и модел со шпански корени,чии родители живеат во Родез,Авирон,Франција.Тие имаат 4 синови,Ензо (11 години),Лука (8),Тео (4),и Елаиз роден на 26 декември 2005.

No comments:

Post a Comment